“Сити” ќе фрли четвртина милијарда евра за да го привлече Меси уште во текот на летото

од Vladimir Zorba
94 прегледи

image_5885255_126

Вистинско трансфер лудило може да се случи во текот на претстојното лето. Клубот со најбогатите сопственици во светот – Манчестер Сити – е подготвен да собори секаков трансферен рекорд, за да го привлече во своите редови Лео Меси од Барселона.

Според весникот “Сандеј мирор”, арапските сопственици на “граѓаните” се подготвени да ја платат клаузулата за предвремено раскинување на договорот на Аргентинецот со каталонците, која е во износ од четвртина милијарда евра. Нивните надежи се сепак оваа сума да се намали малку, барем до 230 милиони евра, поради фактот дека Меси има договор со каталонците само за уште една година и половина, а нема индикации наскоро тој да биде продолжен, иако секојдневните оптимистички информации за тоа од Шпанија не пристигаат.