Германски научници: Затоа секогаш треба да пиеме црвено вино кога пушиме

од Vladimir Zorba
113 прегледи

1477910146-shutterstock-218626861-1

Германски научници објаснија зошто секогаш треба да пиеме црвено вино кога пушиме. Пијалокот содржи феноли кои ги подмладуваат артериите, од оштетување од никотин, пишува “Дејли мејл”.
Истражувачите од Универзитетот во Сар препорачуваат да пиеме една-две чаши црвено вино пред да запалиме цигара. Тоа ги спречува крвните садови на краток рок.

Пијалокот богат со феноли, го стимулира производството на азотен оксид, кој ги подмладува клетките.

На овој начин тој процес донекаде неутрализира ефектите на никотин, познат по тоа што ги воспалува артериите и остарува клетките.

Германските научници предупредуваат дека виното едвај ќе им помогне на заколнатите пушачи. Но тоа ќе е корисно за случајните пушачи.
Нивните обиди докажале дека црвеното вино делува како заштитна преграда за артериите.
При обидите биле поканети 20 волонтери непушачи кои за време на тестовите испушиле три цигари. Половина од учесниците пиеле црвено вино еден час пред да запалат, додека алкохолна концентрација во крвта не достигна од 0,75 отсто.
Крвта и урината на волонтерите била испитувана пред и 18 часа по експериментите. Учесниците, кои консумирале вино, покажале помалку оштетени клетки под влијанието на никотинот.