Папата одобри свештениците да дадат прошка за абортус

од desk3
127 прегледи

Папата Франциско нагласи денеска дека свештениците може да простат абортус што во Католичката црка се смета за грев.

download
– Одобрувам сите свештеници…да дадат прошка на оние кои извршиле грев со абортус, наведува папата во апостолско писмо со кое означува крај на Годината на милосрдност.

Тој прецизира дека тоа одобрување кое претходно го даде како привремено со важење во светата година, сега го прогласи трајно.

Папата Франциско (79) во неделата потврди дека абортусот е „тежок грев“. Следниот ден сепак рече дека крајот на светата Година на милосрдност не значи и крај на милоста и дека на наводните грешници мора да им се даде шанса за покајување./MИА