Силна снежна бура го погоди Њујорк. Како што пренесува „Ројтерс“ снежната бура може да ги одложи плановите на граѓаните за Денот на благодарноста.

Во градот Рочестер се акумулира по 5 см снежна од покривка на час, а ветровите задаваат удар со 48 км / ч. Сето ова предизвикува бројни патни инциденти.
Ова е првата снежна бура за сезонава во континенталниот дел на САД.
Многу летови полетуваат со задоцнување, многу се и укинатите.
Синоптичарите во САД очекуваат лошото време да продолжи.