85
Албанија ќе биде дел од флотата на НАТО во Средоземно Море во припомош на сириските бегалци кои минуваат од Турција за Грција преку морски пат.
Албанската министерка за одбрана Мими Кодели,на денешната седница на Парламнетарната комисија за безбедност,изјави дека бродот „Орикум“ отпловил за Средоземното Море за да биде дел од оваа мисија.
Бродот „Орикум“ е еден од петте брода на албанската поморска флота чија мисија е патролирање и пружање помош во случај на несреќи на море.
Ден предтходно, според порталот Албеу, грчките медиуми искажале вознемиреност заради присуството на албанскиот брод на Средоземно Море алудирајќи за некаkов таен албанско-турски договор. /MИА