ОН го критикува турскиот предлог-закон за злоставувачите на деца

од desk3
80 прегледи

Предлог-законот во Турција, со кој се поништува пресуда за сексуално злоставување дете доколку престапникот се ожени со малолетничката врз која извршил сексуален напад, би предизвикал „клима на неказнивост“ за злоставување деца во земјата, предупредуваат агенции на ОН.

dete-siluvano

Во критиките за законот агенциите наведуваат дека тој е сличен со давање амнестија на злоставувачи на деца.

– Какви било облици на сексуално насилство врз деца се криминал, и тоа треба да се казни, предупредуваат од УНИЦЕФ, Популацискиот фонд на ОН, Жените на ОН и Развојната програма на ОН во Турција.

Агенциите ги повикуваат сите пратеници во турскиот Парламент да направат се што е во нивна моќ и да обезбедат девојчињата и момчињата во Турција да бидат подобро заштитени од сите облици на сексуално злоставување.

Предлог-законот во четвртокот помина прво читање во турскиот Парламент, и покрај несогласувањето на критичари кои ја обвинија Владата дека поттикнува силување малолетни лица./МИА