Над 60% од Турците не сакаат членство во ЕУ

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Силна останува целокупната поддршка за власта на Ердоган. Според анкетата АКП ужива одобрување од 51% од избирачите.

turtsija

Околу 64% од турските гласачи не сакаат нивната земја да стане членка на Европската унија. Ова го покажуваат резултатите од анкетата за турски  “Акшам”.

На прашањето дали сметаат дека обидите за членство во Унијата треба да бидат продолжени позитивно одговориле само 22%. Во исто време 68% од прашаните над 5400 избирачи изјавиле дека го поддржуваат дијалогот меѓу владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и Партијата за националистичко движење (МХП) за промена на уставот на земјата, кои  треба да воведат претседателски систем на управување. Против се 28 проценти.

Враќањето на смртната казна, исто така ужива широка поддршка кај гласачите. Над 70% од нив  ја поддржуваат крајна мерка да биде наметната кај некои случаи на злосторства како предавство. Против се 18%, а без мислење се 11%, пишува турскиот весник.

Анкетата  ги открива и ставовите на избирачите за досега  главни сојузници на Анкара – САД и НАТО. На прашањето “Дали САД и НАТО за наши стратешки партнери” 78% одговориле со “не”, а 22% со “да”. Силна останува и целокупната поддршка за власта. Според анкетата АКП ужива одобрување од 51% од избирачите. Ако изборите во земјата се одржат сега, во парламентот ќе влезат само три партии – АКП, опозициската Републиканска народна партија со 25% поддршка и Партијата за националистичко движење со 14%. Прокурдската Демократска партија на народите (ДПН), која во моментов е во парламентот, добива 7% и не поминува прагот за влез од 10%.