Во Истанбул попладнево на пригодна свеченост беше извршено извлекувањето на групите за Европското првенство во кошарка, што ќе се одржи следната година.
![]()
Во одредувањето на групите учествуваа четири кошаркарски „ѕвезди“ од државите домаќини на шампионот: Мирсад Туркчан (Турција), Георге Мурешан (Романија), Мики Беркович (Израел) и Хано Мотола (Финска).
На Европското првенство ќе учествуваат 24 репрезентации, кои се поделени во четири групи:
ГРУПА А (Хелсинки): Полска, Грција, Франција, Финска, Исланд, Словенија.
ГРУПА Б (Тел Авив): Украина, Израел, Литванија, Грузија, Италија, Германија.
ГРУПА Ц (Клуж): Хрватска, Чешка, Шпанија, Црна Гора, Романија, Унгарија.
ГРУПА Д (Истанбул): В. Британија, Русија, Србија, Турција, Летонија, Белгија.
Пласман во финалната фаза ќе обезбедат четирите првопласирани репрезентации, а овие натпревари ќе се играат во Истанбул.
Шампионатот ќе трае од 31 август до 17 септември 2017 година, а титулата европски шампион ја брани Шпанија.