Мажите кои ги мразат жените, всушност се осамени и депресивни. До овој заклучок стигнале специјалисти, предводени од Џоел Ванг.
Тим од научници од Универзитетот во Индијана, го истражувал душевното здравје на 11 типа машко однесување. Резултатите се објавени во Daily Mail.
Лекарите разгледале однесување, при што претставниците на посилниот пол имаат желба за победа, преземање ризици, успеваат да задржат емоционална контрола, имаат однос кон насилство, доминација, плејбоско однесување, власт над жените и друго.
Научниците дошле до заклучок дека сексистите почесто страдаат од осаменост, па дури и може да го влошат сериозно менталното здравје.