
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-3 Берово, -2 Пожаране, Кр. Паланка, 0 Тополчани, Ѓуриште, 1 Битола, Тетово, Лазарополе, Дебар, Прилеп, Гевгелија, 2 Претор, Виница, Маврово, Куманово, 3 Охрид, 4 Штип, Дојран, Скопје, 5 Струмица, Крушево, 6 Д. Капија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
Без врнежи
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во текот на ноќта и утринава во поголемиот дел од земјава времето е облачно и тивко, по котлините има магла и ниска облачност, и магла со намалена видливосткоја во Пелагонија изнесува до 500 метри.Ниска облачност и магла со намалена видливост има и на некои повисоки места во источните делови.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Претежно облачно, по одделни котлини магливо. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и југозападните делови ќе има повремен слаб дожд. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 9 до 16 степени.
Скопје Претежно облачно, претпладнево со магла и ниска облачност. Хајвисоката температура ќе достигне до 9 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Врнежите од дожд ќе продолжат и во сабота кои во западните и југозападните делови ќе бидат со умерен интензитет. За време на викендот се уште ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалат.
Од понеделник нашето подрачје ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса од север што ќе услови засилен северен ветер проследен со значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Од вторник ќе биде многу студено и ветровито со провејување на снег и во пониските делови, особено претпладнето. Дневната температура на места ќе се задржи околу нула.
Со промената на времето ќе се намалат условите на загаденост на воздухот.