Домашните миленици се вистинскo богатство. Нема поубаво нешто од безусловната љубов на животинчето што те чека да се вратиш од работа, потскокнува, се радува искрено, никогаш не те суди, а е подготвено да те сака таков каков што си.
Одгледувањето на домашно милениче дома, сепак има некои непријатности и едно од нив е лошата миризба. Човек кој влегува во домот, уште на прагот го чувствува мирисот на животно, колку и чисто да е тоа.
Како сепак да се обидете да ја намалите миризбата, погледнете подолу.
Купете посебно легло за куче / мачка
Важно е да изберете кревет за миленичиња што може да се пере во машина за перење. Само така ќе можете често да го контролирате мирисот во вашиот дом. Важно е да не дозволувате миленичето да се качува на вашите кревети и каучот. Така ќе ја намалите драстично акумулацијата на лош мирис во домот.
Постелнина
Ако сепак миленикот ви спие со вас во кревет е задолжително да се менуваат чаршафите 2 пати неделно. Имајте на ум дека тоа е важно не само со цел намалување на лошата миризба, но и на микробите, кои ги пренесуваат од животните.
Каучот
Еднаш неделно вадете ја навлаката на каучот, ако тоа е можно, тресете ја прашината и поминете ја со чистач на пареа. Ако немате таква, само истапкајте темелно и перете во машина за перење.
Ако пак од каучот не може да се извади материјалот, посипете го со сода каучот. Оставете да ги преземе миризбите за 2-3 часа. Потоа темелно ишмукајте со помош на правосмукалка.

Ќилимите
Ќилимите треба да се чистат многу темелно два пати неделно со правосмукалка. За нивното обезмирисување важи истата процедура со сода бикарбона. Таа има својство да ја апсорбира и отстранува лошата миризба. Избегнувајте го третманот на килимите со оцет, бидејќи тоа може да ја влоши лошата миризба за долго време. Покрај тоа оцетот е поагресивен и може да ги уништи боите и материјалот на килимите.
Дрвени и керамички плочи
За жал дрвените и керамичките плочи треба да се бришат со детергент и топла вода најмалку еднаш на ден, најдобро двапати. Така ќе го отстрани најефективно акумулираниот лош мирис. Не заборавајте да ги чистите и аглите, каде се собираат многу влакна.