Подарок за Медведев ги скара Шпанија и Израел за тајна технологија

од desk3
66 прегледи

Невин подарок за рускиот премиер Дмитриј Медведев од министерот за земјоделство на Израел се претвори во меѓународен скандал. Пред две недели Ури Ариел му подари на Медведев беспилотен хеликоптер Sniper. Дарот сепак веднаш предизвика негодување од страна на Шпанија, бидејќи направата била шпанско производство, пријавени bloknot.ru.

1480075859-2349077637-830x500

 

Од Министерството за надворешни работи на Шпанија велат дека Израел не го зел предвид фактот дека во ЕУ дејствуваат сурови економски санкции против Русија. Дипломатската канцеларија испратила нота до израелските колеги и побарала објаснувања. Вредноста на подарокот е во износ од 51 900 долари. Тој е произведен по тајна технологија на шпанската фирма Alpha Unmanned Systems.

Неговата работа не е ограничена само на земјоделски работи. Хеликоптерчето може да се користи и за извршување на борбени задачи, а испораката зад граница може да се случи само со согласност на шпанската влада.

Израелското издание Haaretz прецизира дека подарениот хеликоптер бил без оперативен систем и конзола за управување и Русија веќе ги побарала недостасувачките детали од Израел.