Според лекарите, ако сакате да останете во интимната зона во добра здравствена состојба, треба да се обрне внимание на три многу важни работи.
“Кога вагиналните ткива биле премачкани со лубрикант, изгледаат подуени или како да се крвави, како последица на некакво триење или секс, што ја менува целосно вагиналната средина”, изјави Women’s day гинекологот д-р Лесли Пејџ. Стратегот смета дека сите овие фактори можат да влијаат негативно на женското интимно здравје, предиспонирајќи го половиот систем кон инфекции.
Како да го избегнеме најлошото сценарио? Три чекори за подобро интимно здравје:
1. Шампони и сапуни после секс?Апсолутно не!
Ако почувствувате потреба да се освежите после секс, тогаш бидете сигурни дека под тушот нема да користите ни грам сапун. Иако идејата звучи многу подобро од хигиенска гледна точка, реално гледано не е. Сапунисувањето на интимната област би можела да ви предизвика повеќе штета отколку позитивен ефект. Хигиенските средства можат да предизвикаат алергиска реакција или силна иритација, ако се користат во една толку деликатна и чувствителна област од телото на жената.
“Употребата на сапун за интимна нега и хигиена може да доведе до вагинална сувост, иритација или воспаленија”, смета ОБ-гинекологот д-р Роберт Лул.
Тушот после секс треба да вклучува само и единствено млака вода. “Вагината е орган кој се чисти”, смета д-р Лесли Пејџ.
2. Малата потреба може да го спаси денот
Излегува дека придобивките од одењето по мала нужда после секс не се митови и легенди. За време на половиот акт различни бактерии можат да бидат турнати во внатрешноста на половите органи. “Ова може да доведе до инфекции на уринарниот тракт”, вели д-р Лул.
“Понекогаш со одењето во тоалетот може да се спречат и венерични болести, но не се потпирајте на тоа – секогаш со кондом”, повикува лекарот.
3. Постсексуално топење во кадата – подобро не …
Всушност идејата е одлична, нели? Вечера на свеќи, секс, а по него романтична када … Според лекарите сепак, последното не би се одразило добро на интимната област на дамите.
Влегувањето во кадата со друг човек значи дека вашите полови органи ќе бидат изложени на бактерии од неговите кожа и анусот, а водата ќе ги намали антибактериските способности на кожата.
“По секс вагината малку потекува, растворајќи ги целите внатрешни срамни усни”, коментира д-р Роберт Лул – “Имајте на ум дека во овој момент сите микроби можат да навлезат во внатрешноста”, а инфекцијата е во крпа врзана.