Хамилтон ја освои пол-позицијата во Абу Даби

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Светскиот шампион Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата во утрешниот последен старт сезонава за Гран При на Абу Даби.

hamilton

Хамилтон си го освои првото место на стартната линија во утрешното натпреварување, откако денес беше побрз од својот тимски колега во Мерцедес Нико Розберг.

Британецот даде најдобро време од 1: 38.755 мин, следен од Розберг со 1: 39.058. Од третата позиција на “Јас Марина” ќе тргне Даниел Рикардо со Ред Бул (1: 39.589), а по него на стартната линија ќе се наредат двете Ферарија на Кими Раиконен (1: 39.604) и Себастијан Фетел (1: 39.661).

Во топ 10 ставени  се уште Макс Верстапен (Ред Бул), Нико Хулкенберг (Форс Индија), Серхио Перез (Форс Индија), Фернандо Алонсо (Мекларен) и Фелипе Маса (Вилијамс).

Трката за Гран При на Абу Даби е утре од 15.00 часот, а по нејзиниот крај ќе стане познат и новиот светски шампион во кралските трки.