Клучното политичко прашање во Србија во следните месеци, што е познато за сите, ќе биде дали Александар Вучиќ ќе се кандидира за претседател на земјата.

Колку и премиерот да се обидува да избега од оваа тема – тврдејќи дека е премногу рано да се зборува за планираните следната пролет избори – медиумите и коментаторите споделуваат за оваа позиција, нешто повеќе, па сведоци сме на секојдневни шпекулации и најразлични истражувања кој ќе влезе во трката и какви шанси има за влез во претседателството.
И покрај фактот дека во последно време неколку пати Вучиќ рече дека нема да се вклучи во трката за шеф на државата, премиерот, според нашите извори, се доближува повеќе до одлуката да се кандидира за претседател на Србија. ќ
Николиќ е подготвен да го смени претседателот, ако Вучиќ му даде премиерската функција.
Александар Вучиќ се повеќе сериозно ја анализира својата кандидатура по претседателските избори во Бугарија, каде Бојко Борисов беше принуден да поднесе оставка поради поразот на неговиот кандидат. Мораме да признаеме дека тој ја вети оваа оставка во случај на неуспех. Дали Вучиќ ќе биде принуден како Борисов да поднесе оставка, ако неговиот кандидат загуби? Или пак ќе се намали значително поддршката за него меѓу гласачите? Одговорот на овие две прашања истовремено ќе ниј аја одгатне дилемата за кандидатот на партијата на Вучиќ: дали ќе биде тој самиот или пак ќе го поддржи актуелниот претседател Томислав Николиќ.

Или ќе се оди кон некој друг, трет кандидат?
Последните анкети јасно покажуваат дека само премиерот може со леснотија да го победи кандидатот на опозицијата – најмногу шанси му се даваат на Вук Јеремиќ, споменувано е и името на Саша Јанковиќ, како и на лидерот на радикалите Воислав Шешељ.
Николиќ отворено изјави дека не би се спротивставувал на кандидатурата на Вучиќ, вклучувајќи и да се откаже од оваа трка, но само под услов Вучиќ му го отстапи премиерското место. Нешто како “руската рокада” на Путин и Медведев. Затоа не би било чудно, ако Вучиќ ги одложи претседателските избори.
——–
Ненад Чалукович, “Неделник”.