Бекот на Оклахома Сити Тандер Расел Вестбрук запиша 44-тиот трипл-дабл во кариерата и се израмни по тој показател со Леброн Џејмс од тимот на Кливленд Кавалирс.

Двајцата се на седмото место во целата историја на НБА. Вестбрук го постигна тоа во 605 натпревари, а Леброн во 1000. На прво место на оваа листа е Оскар Робертсон со неверојатните 181 трипл-дабл.
Оклахома Сити денес го победи Детроит Пистонс со 106: 88, а Вестбрук стана автор на 17 поени, 13 скока и 15 асистенции.
Во друг натпревар од НБА Стеф Кари и Кевин Дурант постигна вкупно 62 поени за победата на Голден Стејт над Минесота Тимбрулвс со 115: 102.
Кари реализираше 34 поени, а Дурант – 28.
Вашингтон Визардс – Сан Антонио Спарс 100: 112
Шарлот Хорнетс – Њујорк Никс 107: 102
Мајами Хит – Мемфис 107: 110.