Ангела Меркел: Скриените амбиции на еден светски лидер

од Vladimir Zorba
121 прегледи

 

 

 

Канцеларот Ангела Меркел си гради имиџ на благоразумен, прагматичен и дискретно моќен лидер. И покрај силната поддршка на меѓународен план, дома Меркел е исправена пред невиден десничарски бунт.меркел врата

За време на своето управување како канцелар, кое трае непрекинато веќе 11 години, Ангела Меркел и обезбеди на Германија место како најважната сила во Европа и неизбежно е сметана за најмоќната жена во денешниот свет.

Политичари кои имале врски со Меркел, велат дека најголемата грешка би била таа да биде потценета како интровертна личност со ограничен вкус кон облеката, и репертоар од скудни зборови.

Таа трпеливо го постигнува своето, и чека додека противниците не се изнемоштат.

Нејзиниот наставник – поранешниот канцелар Хелмут Кол, покровителствено ја нарече „мајн медхен“ (моето девојче). Во 1998, Меркел дрско го истурка Кол како лидер на нивната партија Христијанско демократска унија (ЦДУ).

Меркел, која има докторски степен по квантна физика, доби три општи избори по ред – во 2005, 2009 и 2013 година.

Незината позиција во ЦДУ е таква што таа сега нема внатрешни сопреници. Нејзините социјалдемократски соперници кои сега и се помал партнер во големата коалиција, исто немаат очигледен соперник кој ќе и биде предизвик на изборите догодина.

Многу Германци ја нарекуваат „мути“ (мајка), а тоа е прекар што подразбира дека сме сите ние поврзани со своите мајки, независно дали ги сакаме или не.

Меркел е совршен политичар. Два пати се мажела, но нема деца. Таа вешто ја води Европската унија кон затегнување на коланите, а типично за неа е да останува последна на долгите средби по цела ноќ.

Тоа беше канцеларот кого Гермаците мислеа дека го познаваат и очекуваа повторно да го изберат во 2017 година – со што таа би се израмнила со својот учител Кол, кој ја предводеше владата непрекинато 16 години.

Претпазливото откривање на Меркел се случи на 5 септември 2015, кога таа реши да ги отвори границите на Германија за бранот бегалци, кој се насочи кон Запад преку Австрија.

Тогаш Меркел првпат ги поведе Германците од првата линија, додека го занемари противењето од десницата, и ги убедуваше сонародниците да бидат великодушни и да изградат поддршка за новодојдените луѓе, и спокојно изјавуваше: „Можеме да се справиме“. меркел

Скоро 900,000 мигранти стигнаа во земјата во 2015 година. Бројката годинава е да достигне една третина од претходната година, но големи и мали градови се жалат дека им недостига место да ги настанат сиријците, афганистанците, балканците и многу други кандидати за азил.

Спорната политика предизвика пад на популарноста на Меркел и дијаметрален пораст на силата на десничарската антиемогрантска партија Алтернатива за Германија.

Во странство, Меркел е на врвот на својата моќ, а Франција и Велика Британија (која се подготвува да ја напушти ЕУ) имаат доста помала тежина на континентот од Германија.

Клучниот дел од нејзиното наследство останува справувањето со должничката криза во еврозоната и покрај спротивставувањето на осиромашената Грција, каде таа често беше претставувана на карикатури како вештерка, или како нацист од нова генерација.

Меркел, која совршено зборува руски јазик, не се плаши да му се спротивстави на рускиот претседател Владимир Путин. За да обезбеди примирје во Источна Украина, таа не ги оставаше Русите на мир и го притискаше Киев да ги почитуваат условите за мир, кои беа постигнати преку договори.

Карактерот на Меркел е оформен од нејзиниот живот како дете во тоталитарен систем. Таа е родена во Хамбург, во 1954 година, а пораснала во комунистичката Источна Германија, каде татко и – лутерански свештеник и приврзаник на левицата – се сели со семејството.меркела

Работи како научник во Централниот институт по физикохемија во поранешната Германска демократска република. Меркел, која не е обременета со врските со комунизмот, ја започнува својата политичка кариера како портпарол на првата посткомунистичка влада на ГДР:

По обединувањето на Германија во 1990 година, се приклучува кон ЦДУ и е избрана во првиот општогермански парламент. Година подоцна, Кол ја зема во својата влада како министер за здравје и прашања за жените.

Нејзиниот безмилосен карактер, кој често се припишува на нејзиниот научен ум, имено се истакнува при издигнувањето кон врвот. Меѓу луѓето кои таа ги истуркала на својот пат, е и Волфганг Шојбле, кој за кратко управувал со ЦДУ. Подоцна тие се помируваат и тој и е верен помошник како министер за финансии на Германија.

Меркел, чиј сопруг Јоаким Зауер е научник, живее скромно без скапи имоти. Таа има стан во Берлин, преку викендите се одмора во вила на село и си пазарува сама.

ДПА – Хамбург