Мора да внимавате на нив! 10 работи кои ви крадат од енергијата според Далај Лама

од desk3
93 прегледи

Дали се чувствувате постојано уморни исцрпени, без да знаете зошто? Одржуваме бројни навики кои ни ја исцрпуваат енергијата и не знаеме како да ги избегнеме. Но решението е многу лесно – треба само волја.

1480244653-dalai-lama

Еве 10 работи кои ви ја крадат од енергијата и решенијата за секој од нив според Далај Лама.

1. Одржувајте ги ветувањата

Не давајте ветувања кои не можете да ги почитувате. Во обид да бидете добротворни, ќе го расипете доброто име. Ако ветувате нешто држете се на него.

2. Држете се настрана од токсични луѓе

Многу пати, кога човек сака да помогне на некого, добива само купишта поплаки и негативна енергија. Опколете се со позитивно настроени луѓе и избегнувајте ги оние кои ве истрошуваат.

3. Плаќајте ги сметките навреме

Да не должам ништо на никого треба да ви биде мото во животот. Секогаш вратете ги долговите навреме. Однесувајте се со другите онака како што очекувате да се однесуваат со вас.

4. Научете да простите

Ако избереме да живееме со навредата, избираме да страдаме. Наместо да се труете со омраза, изберете да простите и да продолжите, без разлика дали некој го заслужува простувањето . Направете го, за да си дадете мир на себе. Ќе почувствувате што бреме ќе ви падне од градите .

5. Фокусирајте се на тоа да ги направите работите кои ги сакате

Понекогаш треба да правиме работи кои не ги сакаме, но кога е можно одложете ги задачите кои не ги љубите и концентрирајте се на тоа, по што сте запалени.

6. Време за се

Има време за одмор и за акција. И двете се подеднакво важни и неопходни во животот . Не го заборавајте тоа.

7. Не се претрупувајте со предмети

Ако сакате животот да тече, не се пренатрупувајте. Направете ред во спалната или поправајте го плакарот. Фрлете ги сите непотребни работи. Домот ви е одраз на вашата енергија, а старите работи го блокираат природниот поток. Ако сакате да заличи вашиот ум, почнете да го расчиствате просторот од непотребни предмети.

8. Не се плашете да ги пречекате неприликите

Не се кријте од конфронтации. Ако нешто в грижи, изразете го и извадете го од својот живот. Не чекајте одлуката да падне од небото. Често тоа е сосема во близина – вие само треба да се огледувате.

9. Контролирајте го здравје

Дури и најбрилијантниот ум не може да се справи без добро здравје. Луѓето кои се грижат како за физичкото, така и за душевното здравје, се многу посреќни. Грижете се за себе.

10. Оставете животот да тече

Вие сте дел од се и се е дел од вас. Престанете да се борите со животот, прифатете го, и препуштете се да бидете носени од протокот. Само сеќавај се дека ти си човекот кој управува со бродот.