Грција: Турција планира да пушта по 3 000 мигранти на ден кон Грција

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Локални набљудувачи тврдат дека илјадници чамци веќе  се наредени по западното крајбрежје на Турција, каде сириските бегалци се подготвуваат да запловат

5182740

Според високи претставници на грчкото разузнавање Турција планира тајно да ја отвори границите и да помогне на над 3 000 мигранти дневно да испловат кон Грција. Според планот, откриен од грчкиот весник “Прото Тема”, најмалку 3 000 илегалните мигранти  ќе се собираат на грчките брегови секој ден. Весникот се повикува на информациите на високи функционери од националните разузнавачки сили кои споделиле дека шемата ќе влезе во сила “во рок од неколку недели”. Локални набљудувачи тврдат уште дека илјадници мигранти по западното крајбрежје на Турција тоа веќе тоа го знаат , и  каде сириските бегалци се подготвуваат да се упатат кон Грција. Цитираните извори на весникот тврдат дека планот веќе  го имал одобрение на претседателот Ердоган. Пред неколку дена за време на својот говор во Истанбул, тој дури упати  и отворена закана дека ќе  ги отвори своите граници.