Лидерот на “Ноќните волци” му пиша на Путин: Сакам петокрака на грбот и златно класје

од Vladimir Zorba
110 прегледи

1480429192-hirurga

Лидерот на “Ноќните волци” Александар Залдостанов-Хирург го повика претседателот Владимир Путин да оги додаде кон рускиот грб симболите од советско време – ѕвездата на победата и класјет, соопшти Russia Today.
Тој предложил варијанта како да биде дополнет грбот. Според него тој треба да претставува “преплавена во сончеви зраци со двоглав орел, околу кој има житни класја”. Во горниот дел на грбот според ноќниот волк треба да сјае петокраката на Победата.

Во своето писмо до шегот на државата Хирург вели дека е потребно да се обезбеди “континуитет” меѓу Русија, Советскиот Сојуз и Руската империја.

“Грбот на Русија е симболот на државата сакралнииот знак на нашите минати и идни победи. Прво, ние треба да го зајакнеме континуитет во нашата држава. Денешниот грб – двоглав орел, тоа е континуитетот со Руската империја. Но, ние исто така треба да покажеме дека сме по потекло од СССР – од престојот на Гагарин во вселената, пуштањето на првиот вештачки сателит, силната Советска армија и, се разбира, татанската света победа во Големата патриотска војна. и симболот на овој херојски подвиг е ѕвездата на победата. тој треба да најде одраз врз нашиот грб “, тврди Хирург.

Во комбинација на државниот грб на Руската Федерација двоглавиот орел, сонце и класјето се златни, а ѕвездата е црвена во златна рамка.

Комбинацијата од царски и советски симболи е симболична интерпретација “на Кримскиот консензус”, забележува Залдостанов во обраќањето кон шефот на државата.

“Откако Владимир Владимирович Путин и го врати на Русија нејзиниот бисер – Крим – Русите си вратија и чувството на гордост. Ние се сетивме дека сме голем народ дека победивме во ужасна битка со обединетата хитлерова армија на Европа. Ајде сега либералите, платеници на ЦИА, претставници на национал-портокаловите (Залдостановиот поглед на украинските власти), да вијат, дека тоа е враќање кон Советскиот Сојуз. Наречете го како сакате. Ние си враќаме кон Татковината “, вели уште Хирургот.

Лента.ру потсетува дека во април 2011 година високиот муфтија на Русија Талгат Таџудин предложи во грбот на Русија да се додаде полумесечина како симбол на исламот. “Тогаш ниту еден непријател нема да може да го користи религиозниот фактор на штета на единството и интегритетот на нашата татковина”, тој ја мотивира неговата идеа тој. Но, таа сепак е потрошена.

Рускиот грб е утврден со указ на првиот претседател на Русија Борис Елцин на 30 ноември 1993 година