(18+) Мајка се потресе кога ги виде овие слики на зам. директорката на забавиштето на својот син

од desk3
83 прегледи

Пикантни слики од плажа на заменик-директорка на градинка во Русија предизвикаа бурен скандал, кој успеа да стигне дури до обвинителството. До непристојните фотографии стигнала мајка на 5-годишно дете кое го посетува забавиштето во Липецк, во кое работи жешката убавица.

1480503588-40x1-830x500

Родитеката останала длабоко навредена, не само од голите слики на 28-годишната Галина, до кои може да дојде секој во социјалната мрежа, но и од целокупното нејзиното однесување. Од својот син таа сфатила дека заменик-директорката сакала да ја оговара и имитира пред другите педагози.

Пред камерата на Life.ru Олга раскажува дека ја посетила страната на Галина по разговор со детето и останала како удрена од гром. “На страницата имаше многу слики, кои пропагираат распуштен начин на живот: цигари, алкохолни пијалоци, наргилиња … Највпечатливо е дека самата таа е мајка на дете”, објаснува револтираната родителка.

1480503592-80x1

1480503627-sistemen-bufer-17

Олга направила обид да разговара со пдагогот по телефон, но таа и затворила. Се пожалила на директорката, која од своја страна и се извинила за навредите кон мајка и ветила дека ќе се заземе со случајот.

Ова сепак не ја задоволило Олга и таа се пожалила во обвинителството. Претстои обвинителите да се запознаат со нејзината поплака и да донесат одлука.