Во соништата на Тито: Бугарија и Албанија – дел од Голема Југославија

од desk3
190 прегледи

Ако Југославија беше продолжила да постои, вчера требаше да го слави 73-тиот Ден на републиката. По тој повод српскиот весник “Блиц” пишува дека судбината на Југославија можеше да биде сосема поинаква, ако бил спроведен малку познатиот план на Јосип Броз Тито.

Според некои историчари Тито посакувал уште поголема, повеќе моќна Југославија, која немало да биде само регионална, туку и светска сила.

0000187944-middle

Историчарката Сабрина Рамет вели дека СФРЈ чело со Тито сакала да создаде интегрирана Југославија, вклучувајќи ги и “пограничните региони” околу Југославија: Грчка Македонија, Тракија, Албанија, Бугарија, барем еден дел од австриската Корушка, како и целата италијанска провинција Фриули.

Рамет се повикува на зборовите на политика Светозар Прибичевиќ дека Југославија треба да се протега од “Соча (река во Словенија и Италија) до Солун”.

0000187948-middle

Српското издание пишува по повод вклучената територија на Бугарија во мапата на Голема Југославија дека Кругот “Единица” ја поддржувал идејата за вклучување на Бугарија и Албанија во заедничка држава на јужните Словени.

Постои и интересна карта како би изгледала Југославија, ако плановите на Тито се беа реализирале, и тоа во два случаи: ако визијата на Тито за Југославија ја вклучува Албанија и делови од Романија и Грција, вклучувајќи Солун, и ако Бледската спогодба меѓу Тито и Георги Димитров вклучуваше интеграција на Бугарија во заедницата на југословенските земји.

0000187946-middle

Во ваков случај Југославија требаше да се протега од Словенија до Цариград.