Хуриет Дејли Њуз – Истанбул
Кризата на идентитет на Турција е многу упорна за да исчезне, дури и по децеии минати во потрага по неа. Турција е претерано исламска за да и припаѓа на Европа, претерано секуларна и неарапска за да му припаѓа на исламскиот клуб, премногу сунитска за да најде место во кој да било муслимански шиитски клуб, премногу турска за да најде сојузници во еден евроазиски клуб и премногу странска за да открие некаква логична африканска алијанса, се тврдеше во колумна на овие страници минатата недела.

По тоа, еден многу ценет пријател од Лондон ни напиша:
„Тој феномен „да не припаѓаш никаде“ не е проблем кој им се пришува само на Турците. Земете ја грчката митологија: Пигмалион е веројатно најраниот случај на тоа „растројство“. Кога Одри Хепберн се жали во „Мојата убава дама“: „Се уште не сум дама, но сум многу сакана за повторно да бидам цвеќарка“, таа не изразува ништо поинакво од истата криза на идентитет која Турците ја доживуваат денес. Земете ја Илајза Дулитил од „Пигмалион“ на Бернард Шо и ќе го видите истиот проблем. Кој е нејзиниот избор? Таа може да се откаже од се на кое ја учи професорот Хигинс, да си ги спакува куферите и да се врати во Ковент Гарден и повторно да стане цвеќарка. Всушност, во филмот таа имено и го прави тоа. Само што додека таа практично пристигне во Ковентт Гарден, што дознава? Веќе не припаѓа ниту на тој свет?“
Заради сличен проблем со „прилагодување“, министерот за труд, Мехмед Миезиноглу, изрази несогласување со министерот за правосудство Бекир Боздаг, кој застана зад проектот за ослободување на оние кои напаствуваат деца и зборува за „религиозните бракови кои се реалност“ и напомена дека тие бракови се случуваат со согласност на малолетните.
Станува збор за веќе донесен предлог закон кој во одредени ситуации ќе им дозволи на мжѓи обвинети за сексуален напад над девојчиња да избегнат казнување.
– Не може да има љубовна врска меѓу 14-годишно девојче и 30, 40, па и 60-годишен маж, рече Миезиноглу.
Истиот проблем со „прилагодување“ е јавен и при потрагата по идентитетот во надворешната политика на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Во последните неколку години, Ердоган не ја крие желбата да ја направи Туѕрција членка на Шангајската организација за соработка, позната како Шангајска петорка. Еднаш тој го замолил рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на измачувањето на Турција да чека пред вратите на ЕУ, и да биде примена во „Петоката“.
Што направи владата на Ердоган од тогаш за да добие членство во тој руско-кинески клуб? Собори руски борбен ловец СУ-24 над границата со Сирија. Потоа се закани дека ќе собори уште и откако беше прунудена да му се извини на Путин, ја префрли вината врз ѓуленистите, иако поранешниот премиер Ахмет Давутоглу еднаш изјави дека тој лично ја издал наредбата за соборување на секој странски авион кој ќе го наруши турскиот воздушен простор.
Дури и по нормализирањето на односите со Русија, Ердоган зборува за опасностите од „зголемениот персиски експанзионизам и надмоќноста во северна Сирија“, што според него е нешто лошо и застанува во одбрана на сунитскиот блок во северна Сирија и Ирак, како никој да не му кажал за прошитскиот блок составен од Русија, Иран и режимите во Сирија и Ирак.
И иако персиско-арапскиот шиитски блок е најголемата одмазда на Русија, Ердоган реши минатата недела да се врати на прашањето за Шангајската петорка и изјави дека: 1) ЕУ не е се, и 2) Турција може да се приклучи кон Шангајската организација за соработка. Тој веројатно не разбира добро: шансите на Турција да се приклучи кон ЕУ се близу до нула. Нејзините шанси да се приклучи кон Шангајската организација за соработка се уште помали.
Турција не споделува општа политичка култура или воена визија и со големите сили во Шангајската организација за соработка. Таа не е „дама“, но не е ниту „истата цвеќарка“ од Ковент Гарден.
Во Москва, Техеран, Багдад и Дамаск треба да е далеку поинтересно да се гледа мјузиклот „Мојата убава турска дама“, отколку нејзиниот оригинал.