Учителката во американската држава Конектикат ќе лежи три години во затвор за поврзување со двајца малолетни ученици и испраќање на еротски пораки, соопштија локалните медиуми.

39-годишната Елисон Марчизи е учителка по англиски јазик во Daniel Hand High School. Мајка на две деца, таа е обвинета за непристојни кореспонденција со 17-годишен и 14-годишен ученик. Таа испраќала селфија со еротска содржина и флертувала со нив. Еден од тинејџерите се обидел да ја уценува за пари со овие слики.
Во своја одбрана Марчизи рекла дека тоа се искрени автопортрети кои биле наменети не за тинејџерите, туку за нејзиниот поранешен сопруг Роберт, кој исто така бил професор во училиштето. За време на истрагата на случајот, сепак тој соопштил за сексуални односи на неговата поранешна сопруга, по потекло од Канада, со еден од учениците што станало причина за разводот . Во август беше соопштено дека поранешен ученик во Калифорнија дал тужба, 6 милиони долари отштета за тоа дека бил прелажат од учителка.