Закон за ратификација на договорот со Русија за проектот за изградба на гасоводот “Турски поток” е усвоен денеска во турскиот парламент, соопштија руските медиуми. Документот беше поддржан од 210 пратеници, седум гласаа “против”, а шестмина се воздржани.
Следниот чекор е потпишувањето на законот од страна на претседателот Реџеп Таип Ердоган, по што ќе биде објавен во турскиот државен весник и ќе влезе во сила.

Меѓувладиниот договор за реализација на “Труски поток” беше потпишан на почетокот на октомври во Истанбул и според документот по дното на Црното Море ќе бидат изградени две линии на магистралниот гасовод со моќност од 15.75 милијарди М3 годишно. Првата цевка ќе испорачува природен гас за турскиот пазар, а втората треба е транзитна и ќе го напојува европскиот пазар.
Проектот за изградба на “Труски поток” беше најавен од рускиот претседател Владимир Путин во декември 2-14 година во Анкара како замена на прекинатиот проект за изградба на “Јужен поток” до Бугарија, Србија, Унгарија и Австрија. Тогаш се планираа четири цевки, но по низа преговори и влошување на односите меѓу Москва и Анкара поради соборениот од турските воздухопловни сили руски борбен авион во Сирија, на крајот се договорени две цевки.
Додека за цевка за потребите на Турција е запишан рок за изградба до 30 декември 2019 година, за втората цевка е договорена можно поништување при одлука на “Газпром”. За цевка за Европа ќе се потпише посебен протокол меѓу “Гаспром” и БОТАС.
Проектот предвидува “Турски поток” да оди по дното на Црното Море до европскиот дел на Турција и оттаму да продолжува до грчката граница. Морското траса ќе е долго околу 910 километри, а копнената – 180 километри. Вкупната вредност на гасоводот е пресметано со 11.4 милијарди евра.