Наполи убедлив против Интер

од Vladimir Zorba
79 прегледи

 

Фудбалерите на Наполи забележаа значајна победа со 3:0 против Интер на првиот натпревар од 15.коло од Серија А.

fudbal

Со новите бодови Наполи го задржа чекорот со екипите од врвот, додека Интер ја прекина серијата од три натпревари без пораз.

Вечерва се игра еден натпревар од оваа рунда, Јувентус е домаќин на Аталанта.

Шест натпревари на програмата се утре:

Милан – Кротоне,
Лацио – Рома,
Пескара – Каљари,
Сампдорија – Торино,
Сасуоло – Емполи и
Фиорентина – Палермо.

Последните два дуела од 15.коло се играат в понеделник:
Киево – Џенова и
Удинезе – Болоња.

Табела: Јувентус 33 бодови, Рома 29, Милан 29, Лацио 28, Аталанта 28, Наполи 28, Торино 25/МИА