Тежината на сите нешта, создадени од човекот на планетата, е околу 30 трилиони тони, проценуваат во свое истражување научниците од Универзитетот на Лестер, Велика Британија.

Во техносферата која ја опфаќа зоната со човечка интервенција на Земјата, се вклучени згради, патишта, мостови, автомобили, како и сè друго, создадено од човечки раце. Во неа влегуваат и отпадот од човековата активност.
Такви пресметки се прават за прв пат. Базирани се на десетици статистички анализи и студии. Ако сметките на научниот тим се вистинити, тоа значи дека човечкиот белег на земјата е 50 килограми на секој квадратен метар од планетата.
Уникатните податоци ќе помогнат во изучувањет нао антропоценот – најновата ера во развојот на човековата цивилизација. Според последните теории антропоценот го одбележува крајот на холоценот во геолошката историја на земјата, која продолжила 11 700 години. Почетокот на антропоценот е по 1950 година, кога човештвото влегува во ера на интензивен развој на технологијата и индустријата.