Зидан: Барселона нема слаби страни

од desk3
78 прегледи

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан пристапи со супериорен респект кон вечниот ривал Барселона пред денешното Ел Класико во Шпанија. Според францускиот специјалист, “каталонците” немаат слаби страни, покрај колебливото претставување во последно време.

638-397-zinedin-zidan

Реал има предност од шест бода пред Барселона во генералниот пласман, но според Зидан тоа не е од особено значење од оваа фаза од сезоната.

“Овој тим на Барселона може да ни наштети, сигурен сум во тоа. Секој нов натпревар е нова историја. Знаеме како можеме да ги победиме, но тие се тим кој нема слабости “, коментира Зидан.

Тимот на Реал Мадрид нема загуба во сезоната до овој момент во Примера дивизион.