Најпознатото оружје во историјата на француската литература, со кое поетот Пол Верлен се обидел да го убие својот љубовник и протеже – поетот Артур Рембо, се нуди на аукција, соопшти аукциската куќа “Кристи”. Организаторите се надеваат дека 7-милиметарскиот револвер ќе се продаде за 60 000 евра.

Верлен го купува оружјето во Брисел на 10 јули 1873 година утрото, решен да стави крај на жешката двегодишна афера со доста младиот сакан.
29-годишниот Верлен ја напушта жената Матилда и детето за да биде со 19-годишниот Рембо.
Но по престој во Лондон, каде се оддаваат на пушење на опиум и пиење на абсент што го инспирира делото на Рембо “Une Saison en Enfer” (1873), Верлен решава да се врати кај своето семејство.
Тој заминува за Брисел, за да се раздели од Рембо, но помладиот љубовник тргнува по него.

Во хотелска соба во Брисел, по бурна поднапиена расправија, склониот кон самоубиство Верлен вади пиштолот.
Тој пука два пати Рембо. Едниот куршум се забива во ѕидот, другиот го погодува Рембо во зглобот. Дури и тоа не е доволно да ги натера Рембо да го прежали Верлен. На коленици тој повторно го моли постариот поет да не го напушта.
Се оди дотаму што Верлен го вади револверот на улицата и пак му се заканува на Рембо.
Полицаец кој случајно поминувал го уапсил и Верлен е осуден на две години затвор и тешка работа.
Со време конфискукваното оружјето станува сопственост на колекционер.