Британскиот весник Фајненшел тајмс објави серија материјали посветени на актуелната ситуација во Бугарија по победата на генерал Румен Радев на претседателските избори.
Во една од статиите насловена „Голема коалиција по германски модел изгледа малку веројатна во Бугарија“, весникот одбележува дека во земјата доаѓа период на несигурност по победата на генерал Радев, поддржан од опозициската Социјалистичка партија, и по оставката на десноцентристичката влада, со што се отвори пат за предвремени парламентарни избори следната пролет.
Тие избори ќе бидат трети по март 2013 година, и како и преходните два пати изгледа резултатот ќе биде фрагментиран парламент, посочува весникот. Се цитираат социолошки прогнози дека ниту една партија нема дури да се доближи до постигнување мнозинство во 240-местното Народно собрание, што ветува деликатни и долги преговори за составување на коалициона влада.
Иако таквото сценарио не е најдобро за инвестициската клима во Бугарија, благопријатните економски услови даваат извесна заштита при таквот сценарио, посочува Фајненшел тајмс.
Всушност, на политичарите од системските партии им е јасно дека следната влада треба да може да управува трајно. Бугарија ќе го преземе ротациското претседателствување со ЕУ на шест месеци во јануари 2018 година, и нема да биде најдобрата реклама за земјата ако тоа дојде насред извршувањето на задолженијата на европската сцена, подвлекува весникот.
Сите се сеѓаваат на долгиот период на нестабилност и политички хаос во 2013 година, по уличните потести заради високите цени на струјата и по назначувањето на нов шеф на Државната агенција за национална безбедност. затоа некои политички коментатори велат дека најпожелиот исход од изборите би бил „голема коалиција“ по германски модел меѓу главната десноценстристичка партија ГЕРБ и главната лева партија БСП, а некои инвеститори се надеваат на „позитивни изненадувања“ од една таква коалиција – на пример, некаков договор со кој ќе се расчисти иднината на проблематичната АЕЦ Белене, потенцира весникот.
Патот кона таква голема коалиција всушност ќе биде трнлив, на прво место заради големата разлика со која Радев ја победи својата десноцентристичка соперничка Цецка Цачева. Тоа беше личен пораз за премиерот Бојко Борисов, кој самиот ја избра кандидатката од својата партија. Во Софија владее чусвтвото дека паѓа завесата на борисовата ера во Бугарија, која започна пред десет години, подвлекува Фајненшел тајмс.
Бугарија има слабо искуство со големи коалиции. ГЕРБ и социјалистите се заколнати соперници. По падот на комунизмот и првите повеќепартски избори во 1990 година, имало само една голема коалиција формирана во 2005 година, со цел да се обезбеди безпроблематичен влез на земјата во ЕУ, потсетува весникот.
Освен тоа, нема гаранции дека ГЕРБ и социјалистите ќе освојат доволно места за да формираат коалиција која ќе се потпира на солидно парламентарно мнозинство. Се цитира социологот Канчо Стојчев, според кого ГЕРБ тешко би освоила повеќе од 70-75 места во идниот парламент, а социјалистите би можеле да освојат само 50-55 места.
Постои и ризикот, као и во другите европски држави, еден договор за поделба на власта меѓу десниот и левиот центар да ја засили поддршаката за антисистемски популистички движења, посочува весникот.
Главната закана за Бугарија доаѓа од ултранационалистичката десница, која успеа да привлече поддршка искористувајќи ги стравувањата во општеството од нелегалната миграција од муслимански држави, додава Фајненшел тајмс, и како прилог го наведува фактот дека кандидатот на таа десница успеа да собере 15 отсто од глаовите на претседателските избори. Затоа се очекува сојузот на ултранационалистите да се претстави на сличен добар начин и на парламентарните избори, заклучува лондонскиот весник.
Во друга статија, насловена „Вакуум во управувањето се заканува да му попречи на напредокот на Бугарија“, весникот одбележува дека репутацијата на земјата за политичката стабилност во споредба со нејзините соседи е ставена под знак прашалник по изборот на Румен Радев за претседател – поранешен командант на военовоздухопловните сили без политичко искуство досега, и тоа е неочекувано голема предност.
Според Фајненшел тајмс, тој им импонирал на многу избирачи како патриот, неповрзан со политичката класа во земјата, која не се радува на доверба. Весникот ја опишува политичката пат ситуација која се појави во земјата по оставката на владата на Бојко Борисов како резултат на изборниот пораз и заради ограничените полномоштва на сегашниот претседател во последните месеци од неговиот мандат.
Во обид да излезе од таквата ситуација, претседателот Плевнелиев повика на „консултации“ високи политичари од целиот политички спектар, меѓу кои и Радев, што ќе биде првиот тест за политичката независност на новоизбраниот претседател од неговите социјалистички поддржувачи, одбележува весникот.
Понатаму се цитираат мислења на некои набљудувачи во Софија, според кои Радев е најновиот пример за влијанието на Русија во земјата, која беше најблискиот сателит на СССР во периодот на комунизмот, и продолжува да е зависна од рускиот природен гас. Се потсетува и на изјавите на новиот претседател за време на предизборната кампања, дека ќе работи на укинување на санкциите врз Москва, а истовремено повторуваше како „не е приврзан за преговорите“ за членство на Бугарија во ЕУ и НАТО.
Според Фајненшел тајмс, и покрај незадоволството од двете најголеми партии, ГЕРБ веројатно ќе ги победи социјалистите на следните избори, но нема да добие мнозинство за самостојно управување. Се цитираат и прогнози на набљудувачи според кои ГЕРБ нема да добие повеќе од 25-27 проценти од гласовите, што ќе го исправи Борисов пред дилемата да состави нова коалициона влада која ќе ја подготви земјата за ротационото претседателствување со ЕУ, кое ќе започне во ануари 2018 година.
Весникот ја истакнува и растечката популистичка тенденција во Бугарија по примерот на другите европски држави, изразена преку псехот на трите тнр. „патриотски“ партии, но смета дека само една од нив – ВМРО, е во состојба да добие значаен број гласови. Изданието додава дека разединетиот Реформски блок – природен сојузник на ГЕРБ, може и да не мине 4-процентната бариера за влегување во парламентот.
И покрај споредбено добрите економски показатели на крај земјата има потреба од продолжување на структурните реформи ако сака да ги зачува шансите да ги стигне земјите со повисоки приходи во Централна Европа, се одбележува во статијата. Еден од приоритетите во однос на тоа е борбата против корупцијата во врвовите, која се појави во плитиката и судскиот систем, како што тврди Европската комисија.
Иако таквите реформи се набележани следните месеци најверојатно ќе бидат доста нервозни за инвеститорите затоа што „приватните проекти, кои се во тек, се исправени пред забавување заради политичата ситуација, а новите ќе треба да бидат одложени“ додава Фајненшел тајмс цитирајќи го бугарскиот економист Георги Ганев