Во Шкотска стапи во сила забраната за пушење во приватни автомобили во кои има деца

од desk3
95 прегледи

Во Шкотска денеска во рамки на владиниит план „Генерации без тутун“ во сила стапи новиот закон за забрана за пушење во автомобили, во кои се наоѓаат деца.

_87267396_pa

Согласно новиот закон, полицијата лицата кои ќе ги затекне со запалена цигара во приватно возило, во кое се наоѓаат малолетни лица ќе ги казни со сто фунти на самото место.

Доколку случајот дојде до суд казната би можела да достигне илјада фунти.

Законот едногласно го усвоија сите членови на шкотскиот Парламент.

Новата мерка е воведена во рамки на планот на шкотската Влада за намалување на стапката на пушење на помалку под пет отсто до 2034 година./МИА