
Ново истражување открива дека науката можеби била целосно на погрешен пат во однос на прининителот и појавата на Паркинсоновата болест. Наместо да го изолира причинителот на болеста во мозокот, податоците од истражувањето на глувци покажува дека болеста всушност може да почнува во внатрешните органи, а особено цревата, пишува Science Alert.
И може да се објасни некои чудни совпаѓања забележани кај оние кои страдаат од Паркинсоноватата болест, како на пример, дека скоро сите болни почнаа да страдаат од … запек со децении пред да се појават другите симптоми.
Паркинсонова болест се поврзува со тремор, вкочанетост и тешкотии во движењето, кои се предизвикани од умирање на невроните длабоко во мозокот.
Вистината е дека научниците досега не ги разбираат добро причините за болеста.
“За првпат остваривме биолошка поврзаност меѓу цревните бактерии и Паркинсоновата болест”, објаснува водечкиот научник на истражувањето Саркис Мазманиан од калтех.
Истражувањето открива дека невродегенеративни болести може да имаат своето потекло во цревата и утробата, а не во мозокот, како што претходно се мислеше.