73-годишниот маж вели дека сето започна од бес помеѓу пријатели во 60-тите години на минатиот век

Волтер Кавала од Санта Клара, Калифорнија го држи рекордот за најмногу кредитни картички – 1497, информира Time. За споредба просечниот Американец има 2 кредитни картички на кои должи околу 15 000 долари.
73-годишниот маж вели дека сето започна од бас помеѓу пријатели во 60-тите години на минатиот век. Облогот бил мал – плаќањето на вечера, а условот – собирање на повеќе кредитни картички до крајот на календарската година.
Волтон победил со 143 карти, или со 5 повеќе од колегата. Па, денес веќе има 1497 или околу 10 пати повеќе. Тој вели дека секоја од картичките има различен кредитен лимит кој започнува од 50 долари и речиси перфектна кредитна историја.
Паричникот на Волтер тежи 17.2 килограми, но и покрај тоа во него може да се вклопат само 800 од картичките, пишува USA Today.