
Извештатите од Русија зборуваат за тоа дека брановите во текот на невремето од 3 декември биле повисоки од пет метри, што предизвикало тотална блокада на градот. Патиштата се поплавени, а долж шеталиштето се урнале околу 150 стебла, пишува „Раша тудеј“.Сите летови за Сочи се откажани, пренесува хрватски „Јутарњи лист“.
Стебла се урнале и врз електрични кабли и гасоводни цевки. така што половина град е без гас и електрична енергија.
Штетата е огромна, пренесуваат локалните медиуми.