Мигрантите продолжуваат да ја наоѓаат Европа во студените медитерански води

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Не сите мигранти можат да ја видат Европа.

Над 730 мигранти беа спасени за последното деноноќие крај либиските брегови од силите на крајбрежната стража на Италија и невладини организации, пренесе АФП. Илегалните мигранти  се обидуваа да стигнат до Европа со помош на пет големи и пет мали пловни објекти. “Две жени починаа од смрзнување , и покрај напорите на спасувачите”, соопшти хуманитарната организација “Лекари без граници”. Телата на жените беа откриени во ноќта спроти неделата на трупот  на еден од чамците, кој бил половина полн со вода. Медицинските  лица успеале да ја спречат смртта на уште неколку  западнати во хипотермичен шок мигранти. Меѓу спасените имало и неколку семејства со мали деца од сирискиот град Алепо. Либија одамна тргна на патот за пренесување на илегални мигранти од Африка кон Европа во потрага по работа и подобар живот. Протокот на илегални мигранти во Либија порасна десетици пати по соборувањето на диктаторот Моамер Гадафи. Од почетокот на 2016 година во Средоземното Море кон Европа стигнале речиси 350 илјади луѓе. Загинатите по тој пат се над 4,6 илјади.