Листата на Кејти Пери: Бранд, Лето, Патисон, Блум …

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Додека ужива врската со Орландо Блум, Кејти Пери влезе во листата на ѕвездите кои имаат најмногу познати љубовници.

Пејачката имаше краток брак со комичарот Расел Бренд. Пред него бееше блиска со актерите Џаред Лето, Роберт Патинсон, а исто така и со пејачите Дипло и Џон Мејер.

Така Пери победи во рангирањето на довчреашните фаворити Џастин Бибер и Тејлор Свифт, кои се сместија на втора и трета позиција.
Свифт имала интимни односи со Џон Мејер, Хари Стајлс, Џејк Гиленхол, Калвин Харис, Тејлор Лаутнор, Џо Џонас, Кори Монтијт, Патрик Шварценегер и Том Хидлстон.

По првите три на листата влегуваат Ријана, Џастин Тимберлејк, Бритни Спирс, Ким Кардашиан, Кристијано Роналдо, Дрејк и Леонардо ди Каприо.