Черепи без вилици, врaтни делови и деформирани коски се пронајдени во метален ковчег со нацистички знаци.

Останки од чудни суштества беа откриени во југозападната руска република Адигеја, пишува московското издание Взгляд. Черепи без вилици, вратни делови и деформирани коски беа пронајдени во метален ковчег со нацистички знаци.
Според локалните жители вработените во Хитлерова служба “Анербе” откриле остатоци од претставници на вонземски цивилизации.
“Порогонети од Црвената армија нацисти ги скриле под површината на земјата, во надеж да ги земат назад, ако се вратат”, сметаат приврзаниците на уфолозите.
Науката сепак се залага спротивно мислење.
“Ова се коски од овнови кои лежеле долго време во Црното Море време пред да бидат откриени. Водата ги деформирала животинските остатоци и поради тоа коските беа земени за нешто чудно”, рече археологот Игор Огаи.
“Анербе” или “Наследството на предците”, со полно име – “Општество за изучување на древната германска историја и наследството на предците”) е организација, која постоела во Германија од 1935 до 1945 година. Таа била создадена за изучување традициите, историјата и наследството на германската раса со цел окултно-идеолошки обезбедување на функционирањето на државниот апарат на Третиот Рајх. Нејзин лидер бил Хендрик Химлер.