
Службеничка на белгиската полиција сликала порнографски сцени снимени во зградата на МВР во Брисел, објавија локалните медиуми. Жената ги поставила кадрите на социјалните мрежи од сцените снимени во лифт и во канцелариите на една од Дирекцијата во седиштето на федералната полиција. Таа е отстранета привремено од работа.
Нејзиниот адвокат тврди дека тоа се настани од личниот живот. Самата службеничка не негира фактите. Според неа личен живот не влијае на професионалната активност. Службеничката работела во МВР десетина години.
Министерството бара начин да го разреши случајот со “порно актерката” поради навредлив однос кон институцијата. Адвокат за трудово право појаснува дека во случајот најверојатно ќе дојде до разрешување, бидејќи сексуалниот живот е лично прашање, но не и кога настаните се случуваат на работното место.