Австрискиот парламент ја конфискуваше со закон родната куќа на Хитлер, обезбедувајќи можност за радикално архитектонска реконструкција и дури уништување на зградата, која редовно привлекува неонацисти, пренесе Франс прес.
Усвоен речиси едногласно, законот цели да стави крај на долготрајните несогласувања меѓу државата и сопствениците на куќата од 17-тиот век, која се наоѓа во центарот на Браунау ам Ин, на границата со Германија.

Најмена од државата уште во 1972 година, за да се контролира користењето, жолтата зграда, каде во 1889 година е роден идниот диктатор, долго време беше центар за помош на хендикепираните – категорија жители оштетувани за време на нацистичкиот режим.
Од 2011 година, сепак сопствениците забрануваат зградата да се користи. Пуста оттогаш, таа често привлекува луѓе, носталгични по Третиот Рајх. Виена претстои да одлучи за понатамошната судбина на комплексот.

Во октомври министерот за внатрешни работи Волфганг Соботка огласи во оваа врска конкурс за архитектонски проекти. Истовремено ги сподели своите ставови како приватно лице, дека куќата, иако и регистрирана како знаменитост, треба да биде уништена. Оваа опција сепак не сретна едногласна поддршка, наведува АФП.
Во секој случај претстои “надворешната форма” на зградата да биде променета до “непрепознатлива” и таму да се смести администрација.