Љубопитни митови и вистини за чајот

од desk3
148 прегледи

Сега е најдобриот момент да проговориме за топлиот пијалок – нема ништо од атмосфера и рекреативност од чаша чај во студен зимски ден. Миризливата знапивка е доволно популарна, за да предизвика и голем број на митови околу себе. Еве ги најчестите од нив.

Мит: Чајот во кесички е полн ѓубре

Точно е, но не во најлоша смисла. Во повеќето случаи во хартиените пакетчиња се собира се што се изронило при подигање и пакување.

Мит: Не е корисно да се пие со млеко

Не е точно, особено кога станува збор за силни сорти. Кога го мешаме со млеко, танинот кој се содржи во чајот се трансформира во полесни комплекси и не делува како стимуланс. Не случајно англиската традиција “Фајв а клок” се залага токму на комбинацијата со млеко – инаку ноќната несоница е загарантирана.

Мит: Сварен во метален сад, може да се чува деноноќие

Напротив, треба да се пие веднаш. Инаку минералите во топлиот пијалок ќе оксидираат до штетни за организмот материи.

Мит: Во чајот има помалку кофеин од кафето

Напротив е – во силните сорти чај има повеќе кофеин од кафето, бидејќи тоа е подложено на посериозна дополнителна обработка. Но бидејќи кофеинот бил откриен прво во кафето, затоа и тоа се наметнува како жежок тонизиран пијалок.

Мит: Чајот има антисептично дејство

Вистина е. Содржи материи кои спречуваат размножување на штетни микроорганизми. Но не се доволни за лекување на сериозна настинка со сите можни компликации.

Мит: Вистинскиот чај треба да е многу силен

Не е вистина – тоа е повеќе прашање на вкус. Многу поважно е, ако чајот е во пакетче, тогаш да се држи не повеќе од 2 минути во чашата со топла вода. Инаку потоа почнуваат да се одделуваат и штетни материи.

Мит: Висоскоппланинскиот чај е поквалитетен, следствено и поскап

Така е. Чајни плантажи високо во планините не се многу, а жетвата всушност е многу квалитетна заради чистиот воздух и умерените температури.

Мит: Црниот и зелениот чај се различни сорти

Не е точно. Ист сорта е, едноставно бојата го одредува степенот на ферментација на лисјата.

Мит: Најдобар чај е од рачно набраниот

Ништо слично. Јапонските или пак германските чајни жетварски справи далеку се подобри од човечки раце. Само во Азија е многу поевтино да се бере чај рачно.