(ВИДЕО) Полицаец пукаше по навивачи, погоди фудбалер во главата

од desk3
85 прегледи

Рикоширан гумен куршум ќе го однесеше животот на фудбалерот на бразилскиот Атлетико (Парана) Франк Кирос за време на дуелот со Алмагро. Откако противникот постигна гол, публиката на Атлетико почна да се буни, а Кирос се приближи во обид да ги смири.

Органите на редот употребија гумени куршуми за да ги растераат насобраните фанови крај оградата , а еден од истрелите рикошираше и најде главата на фудбалерот.

“Бев на влакно од смртта. Само неколку сантиметри … Добро поминав, среќа раната е само површна. Ми остана дупка откако го извадија куршумот”, коментира жртвата.

https://youtu.be/QTAHTpmlNNI

 

https://youtu.be/_x8sBqE_8F8