Па што ако изгубите избори- ќе се убиваме ли сеа за тоа ?

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Денеска ДИК ќе решава, може потоа ќе решава и судот ако има жалби, а може и прегласување ако се согласат дека се, не било како што треба…И што ги тормозат и лажат луѓето дека некој некому краде победа? Значи се додека ДИК официјално не соопшти нема ни победник- тоа се нецелосни информации. Па и кога ќе се каже победник, па и тоа не значи победа, па ова не е фудбал бе луѓе, па кој има погласна публика ќе го збуни играчот на тимот. Идете гледајте си фудбал ова е политика, а таму ти е кој со кого ќе се упајташи за да владее, а тоа не се решава на терен со урналење и пцуење, туку зад затворени врати.
И нај накрај , што тука не е јасно кој победил а кој загубил? Соберете ги сите гласови на ВМРО ДПМНЕ и НА ДУИ пошто тие се власт, и сите гласови на СДСМ, на Левица, на БЕСА, на Алијанса на Албанците, на Колицијата за промени и правда, на Љубчо и ЉУБЕ…па сите тие на куп гласаа против ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.
И она повиците дека некој краде победа ја не би ја играл така. Две третини од народот ја победија власта, а тоа 450 000 на ВМРо и Ѓорчев не се цел народ- нели!
Ај победата , ама не го разбирам ни стравот на поразените- па што и ако се поразени!? Па белким не мислат дека се вечни и лидерите и врхушката околу нив , па сега и војна ќе правиме за да не ни го земат столчето во партијата, или власта.
Па тоа не е лично ваша приватна ствар, абе обѕрнете се колку војска околу себе сте направиле, па пуштете и некој друг да биде полковник а не вие цел живот.
Што е таа болест ако ве сменат не разбирам? Само вие сте најдобар , најпаметен најубав ли?
Па што се во светот се менува, кој се бил сменет, кој се лидер, премиер не е тргнат , па нема војна на народот да се убива и дели меѓу себе.
Е освен ако вие нес е мислите дека сте госопод БОГ и сега војни па и крстоносни ке се прават ако треба, и само вие знаете како треба…..

Тука нема разбирачка ама знам дека не сте нормални

Фејсбук  статус на Драган Антоновски