24 тони кокаин се запленети кои биле сместени во неколку брода.

Запленети 24 тони кокаин крај бреговите на САД. Огромното количество дрога е со вредност од над 2 милијарди долари, ако се продава на мало.
Пратката била откриена на неколку бродови, при голема заедничка операција на САД и канадската крајбрежна стража.
Најверојатно тоа доаѓа од Колумбија или Перу. Пакетите се собирани од океанот откако шверцерите ги исфрлиле.