Повеќе од 25 беа повредени во експлозијата во турскиот град – бројот на загинатите е сеуште нецелосен. Инцидентот се случил на автобуска постројка кога еден автомобил, наполнет со експлозив, експлодирал во момент кога автобусот минувал покрај него. Со автобусот патувале цивили и воени лица кои не биле на должност.
Болнички извори тврдат дека во нападот има и загинати, но засега нема точни информации за тоа.
На местото на несреќата веднаш се упатиле возила на итна медицинска помош. Реонот е блокиран од полицијата и се спроведува истрага. Засега никој нема преземено одговорност за нападот.
Овој инцидент се случува само една недела откако во двоен бомбашки напад на курдски екстремисти пред стадион во Истанбул се убиени 44 лица, а најмалку 10 беа повредени.
