Ако може посебна облека за муслиманките, може и за православките! Еве ја вистинската православна мода…

од desk3
155 прегледи

Продавниците за исламска облека во главниот град на Русија веќе никого не може да го изненадат, исто како што никој не е изненаден од жените кои ги покриваат главите на јавни места согласно исламските традиции. Неодамна во центарот на Москва беше отворена и првата продавницаза православна женска облека, информира “Руски дневник”.

Што претставува православната облека?
“Во православието нема строг канон, но има имплицитно нагласено право кое се почитува од сите кои ги посетуваат храмовите. Облеката треба да биде скромна, без премногу живописни детали, колената и лактите треба да се покриени. На главата – шамија”, раскажува Елена Цоколова, една од основачките на синџирот продавници за православна облека “Баришнја-крестјанка” ( “Господарката селанка”, називот се совпаѓа со истоименото дело на А.С. Пушкин).

Идејата да се направи таква продавница им паѓа на памет на Елена Цоколова и Евгенија Карузина во 2012 година. Младите жени речиси истовремено излегуваат на породилно отсуство и почнуваат да бараат облека за крштевката. “Излезе дека воопшто не е лесна работа да се најде облека за во храмот: сè беше или премногу претенциозно, или не ги покриваше лактите и колената”, вели Елена Цоколова. “Затоа решивме да создадеме колекција на облека за православни жени”.

Сега продавниците од синџирот “Баришнја-крестјанка” можат да се најдат во Москва, Санкт Петербург и Екатеринбург. Во асортиманот на брендот се вклучени долги фустани и здолништа, блузи и шамии. За оние кои бараат алтернатива на премногу отворените венчаници, има модели со кои спокојно може да се помине под венчилото. “Баришнја-крестјанка” шие облека од природни материјали и за секоја сезона. Во зима се нудат долги модели од волна, а во текот на летото – облека од тенки ткаенини.

Кој купува Православна облека?

“Меѓу нашите клиенти само 30-40% се луѓе директно поврзани со црквата: сопруги на свештеници, вработени во цркви, професори во неделни училишта. Останатите се едноставно такви кои ги сакаат стиловите ретро и бохо, должина макси”, раскажува Елена Цоколова.

“Има многу бремени жени и доилки, бидејќи благодарение на намалувањето, многу од нашите облеки може да се носат како за време на бременоста, така и потоа”.


“Ми се допаѓа тоа што” Баришнја-крестјанка “шие фустани во согласност со тоа како треба да се облекува православната жена”, вели постојаната клиентка Елена Деменко од Санкт Петербург. “Ми се допаѓа тоа што има долги здолништа, ме привлекува квалитетот и бојата на материјалот . Но, ако не ми се допаѓаа моделите и ткаенините, јас не би си купувала облека од оваа продавница, само затоа што тоа е православна марка”.

Присуството на долги здолништа во асортиманот на продавницата ја покорува и Ирина Росолимо од Москва. “Јас ги барав две години, мачејќи се да ѝ објаснувам на шивачката што ми треба. И секој пат си заминував разочарана. А во” Баришнја-крестјанка “открив дека се реализира мојот сон во неколку варијанти за различните годишни времиња”, вели Ирина. “Ми се допаѓа тоа што продавницата се позиционира како православна – тоа е реклама, насочена кон оние кои бараат облека за храмот. За мене тоа се само фустани за секојдневниот живот”.

Православна мода?
“Меѓу православните жени има такви кои дури и во пристојната за во црквата облека се стремат да изгледаат привлечно. Тоа облека е токму за нив”, смета Олга Сибирова, експерт од информациско-аналитичкиот центар “Сова”. “Не може да стане збор за зголемена побарувачка на таква облека во врска со ширењето на православието.

Сепак, помалку од половина од корисниците на продавницата доаѓаат намерно за православна облека. Но најверојатно креаторите на синџирот се ориентирани кон православието, бидејќи луѓето често го поврзуваат со еколошкаите, со природните материјали. Значи тука станува збор повеќе за употребата на православната култура како средство за подобрување на продажбата “.