Веројатно ЦИА стои зад убиството на рускиот амбасадор во Турција Анатолиј Карлов, смета украинскиот новинар Осман Пашаев, пренесе БТА. Според соработникот на медиумот АТР, Американците сакале да го пропаднат трилатералниот состанок Русија-Иран-Турција во Москва закажан за 20 декември, на која ќе се разговара за сириската криза. Тоа е една од верзиите, пишува новинарот.

“Друга верзија е дека самата Русија може да испрати такви луѓе да вршат хибридни атентати против свои амбасадори, за да ја зајакне својата позиција на овие преговори. Тоа природно е циничната верзија, но исто така е можна”, дополнува коментаторот.
Претседателот на Украина Петро Порошенко од своја страна не реагира на злото убиство на рускиот амбасадор во Анкара, информира РИА Новости. “Украинците се молат за невините жртви од терористичкиот акт во Берлин и го осудуваат ѓаволскиот чин на насилство”, напиша Порошенко во својот Twitter, но не коментираше за случката за убиство на рускиот амбасадор во Анкара.
Пратеникот на Врховната Рада Владимир Парасјук сепак постави рекорд по цинизам, и го нарече херој убиецот на рускиот амбасадор на страница на Facebook.

“Кога човек со цената на сопствениот живот е подготвен на екстремни мерки поради своите идеи, поради вистината, тогаш со сигурност може да се каже дека е херој на својот народ”, напиша пратеникот и ја придружува публикацијата со слика на убиецот на амбасадорот, соопшти РИА Новости.
Публикацијата предизвика бурна дискусија. Луѓето го потсетуваат Парасјук дека за турските граѓани убиецот на амбасадорот не е никаков херој, туку го нарекуваат со погрдни зборови и непристојни изрази, а сите европски држави и САД го осудија екстремистичкиот чин. Дури симпатизери на Парасјук, го прекоруваат дека ” да убиеш невооружен амбасадор не е подвиг, туку терористички чин”.
“Аха. Оние кои се забија во WTC на 11 септември 2001, исто ли се херои? Да?”, – пишува Микола Виговскиј.
“Судејќи според вашата логика, херој на својот народ треба да го убие амбасадорот на друга земја. Како ќе дејствува понатаму, за да станете херој? Ќе го убиете амбасадорот на Русија во Украина ли?”, Прашува Јегор Маркевич.
Според московското издание “Комерсант” сепак организаторите на вчерашното убиство на рускиот дипломат не ја постигнале својата цел – да ги влошат односите меѓу Анкара и Москва. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу не ја поништи посетата на Москва, но агендата на разговорите ќе биде различна, додаде медиумот.