
Температурите во 2017 година ќе се малку пониски во споредба со оваа година, но врз основа на заедничките параметри сепак ќе останат релативно високи, соопштија повикувајќи се на прогноза на Британската метеоролошка служба.
“Следната година нема да биде со рекордни температури, но сепак ќе биде доста топла” – рече проф. Адам Склејф.
Намалувањето на температурите ќе се должи на тоа дека феноменот Ел Нињо заврши.
Сепак 2017 година најверојатно ќе биде трета најголем топола година од средината на 19-тиот век, кога започнува водењето на статистика. Пред неа се само 2016 година и 2015 година.
Просечните глобални температури во 2017 година се очекува да се со 0,75 степени Целзиусови над просекот за периодот 1961 – 1990 година, кои се 14 степени.
Оваа година засега е со 0.86 степени Целзиусови над просекот. Ова одговара на направената прогноза.
Меѓу знаците на затоплувањето се рекордно ниски нивоа на постоечкиот мраз на Арктичкиот Океан и Антарктикот.
Светската метеоролошка организација објави дека 2016 година е на пат да стане најтоплата откако се води статистика и така ќе го претекне досегашниот рекордер 2015 година Податоците за ноември ги потврдуваат направените прогнози.