The Huffington Post: Тинејџери нагостиле учителка со пита, во која додале … сперма

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Во САД ученици изпекле пита за време на час по домаќинство, во која додале како состојка глазура од нивната сперма. Професорката разбрала за подлата шега од други ученици, соопштува The Huffington Post.

Скандалозниот случај се случил во Westside High School во Небраска. Адолесцентите биле на возраст 14-15 години и решиле да направат злобна шега со повозрасната професорка. На лекцијата посветена на готвењето, момчињата излегле до тоалетот, каде мастурбирале. Потоа хулиганите ја смешале спермата со глазура и го приготвиле колачот. 58-годишната учителка веднаш забележала дека нешто не е во ред со јадењето.

Жената разбрала за шегата од друг ученик, кој знаел за злите намери на соучениците.

Во училиштето веднаш била повикана полиција. Двајцата тинејџери признале што направиле, а третиот негирал. Учениците биле обвинети за административно прекршување. Се уште не е јасно како ќе бидат казнети злосторниците.

Во училиштето, исто така, цврсто решени да преземат дисциплински мерки во однос на адолесцентите.