Москва му подари на Белград шест МиГ-а 29, а Србија ќе плати за модернизација 230 милиони евра

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Русија и подарува на Србија шест ловци  Миг 29, но за нивната модернизација ќе плати помеѓу 180 и 230 милиони  евра. Ова го изјави српскиот премиер Александар Вучиќ по разговорот со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во Москва.

“Ако си направите сметка, купување на нови авиони ќе не чини околу 600 милиони. евра. Тогаш ќе дознаете колку добра цена сме добиле и каков подарок сме добиле, дури и кога станува збор за авиони”, рече уште Вучиќ. Според него, со оваа набавка драматично ќе се подобри потенцијалот на српската армија. “Таа дури нема да биде истата  армија … Тоа е неспоредливо со она што го  имавме. Добивме како донација и 30 тенкови T72 S и 30 оклопни возила за набљудување BRDM 2”, појасни Вучиќ.