
Шефот на Руската федерација Владимир Путин ја одржува 12-та по ред традициона голема прес конференција, пренесува ТАСС.
Оваа година за настанот се акредитирани рекорден број новинари – 1437. Поголемиот дел од нив се Руси, но има претставници и на голем број други земји, меѓу кои Германија, Шпанија, Франција, Кина, Јапонија, САД, Шведска и Естонија.
Средбата со медиумите првично беше планирана за 22 декември, но беше одложена во врска со жалниот настани за убиениот во Турција руски амбасадор Андреј Карлов, потсетуваат агенциите.